Новите книжни пари од 20 евра ќе се појават од ноември!Втората генерација на банкноти од 20 евра, би требала да биде посигурна и потрајна, наведуваат германските медиуми.
Во Европската Централна Банка (ЕЦБ), сметаат дека со новите ознаки би било многу потешко да се фалсификуваат парите.
Новата банкнота е со освежен дизајн и унапредени сигурносни карактеристики.
Пред воведувањето на новите банкноти, се препорачува банкоматите и касите да бидат подесени и за оваа банкнота за да не се појават нови проблеми во банкарскиот систем.
Сината банкнота од 20 евра, со големина од 133 х 7 мм, изработена е во готски стил. ЕЦБ и националните централни банки во земјите од еврозоната, постепено ќе ја пуштаат во употреба новата банкнота.
Европската Централна Банка во февруари годинава ја претстави новата банкнота од 20 евра. По банкнотата од 5 евра во мај 2013 година и од 10 евра во септември 2014 година, ова е трета банкнота од серијата „Европа“.Втората генерација на банкноти од 20 евра, би требала да биде посигурна и потрајна, наведуваат германските медиуми.
Во Европската Централна