Внимавајте кого пребарувате на интернет! – Можеби токму тоа е најопасната личност за онлајн пребарување!

Ако случајно сакате да пребарате нешто околу младата ѕвезда Лили Колинс која се прослави со улогите во филмовите „Mirror, Mirror“ и „The Mortal Instruments: City of Bones“ размислете добро…Нејзиното име се наоѓа на врвот на листата на најопасни личности за пребарување онлајн.
Ова го покажаа резултатите достапни преку McAfee. Минатата година за најопасна личност за пребарување на интернет беше прогласена Ема Вотсон.
Освен Лили Колинс, многу е веројатно да наидете на некоја малициозна содржина ако пребарате податоци за ѕвезди како што се Аврил Лавињ, Сандра Булок, Кети Грифин и Зои Салдана.
Главната ѕвезда на серијата „Mad Men“, Џон Хем, е единствениот маж кој се најде во топ 10 листата на најопасни ѕвезди за пребарување на интернет.
Преземено од: GSM.mkНејзиното име се наоѓа на врвот на листата на најопасни личности за пребарување онлајн.

Пронајдете не на следниве мрежи: