ВНИМАВАЈТЕ што пишувате на Фејсбук, бидејќи вашите објави би можеле да завршат на билборд!

Злоставувањето и расизмот се голем проблем на интернет, а посебно на социјалните мрежи каде што навредите во статусите и коментарите се секојдневна работа. На овој голем проблем одлучија да посочат од бразилската непрофитна организација Крајола, која се бори против расизмот – дел од навредите на Фејсбук одлучиле да ги објават на џамбо плакати.Во кампањата „Виртуелно насилство, реални последици“, тие барале навредливи и расистички објави коишто корисниците ги објавиле, па ги поставиле на џамбо плакати на географските локации од коишто биле објавени, односно во квартовите во коишто живеат тие личности.
На плакатите, како што е видливо на фотографијата, лицето и името на корисникот е замаглено, но јасно е видлива само објавата. Но, сигурно дека корисниците се изненадиле откако во своите квартови ги виделе ваквите плакати.
Целта на кампањата не е да се открие идентитетот на личноста којашто има објавено навредлива и расистичка содржина, туку да предупреди на таквото однесување и дека она што се пишува во виртуелниот простор има големо влијание во реалниот живот.
Оваа кампања се појавила по низата расистички коментари против бразилската новинарка Марија Жули Кутињо, во кои корисниците ги навредиле нејзиниот изглед и раса.
„Само сакаме да ги едуцираме луѓето во иднина да размислат за последиците пред да напишат расистички и навредливи коментари“, објавиле од оваа организација.
Но, иако имињата и фотографиите на корисниците се замаглени, ваквата јавна објава сепак носи одреден фактор на застрашување и ги предупредува корисниците дека, иако се скриени зад компјутерите, сепак не треба да навредуваат и напаѓаат луѓе мислејќи дека тоа никој нема да го забележи и реагира.Во кампањата „Виртуелно насилство, реални последици“, тие барале навредливи и расистички објави коишто корисниците ги објавиле, па ги п

Пронајдете не на следниве мрежи: