Во Австрија склучен договор за соработка помеѓу „Универзитетот за применети науки на Горна Австрија“ од Линц и Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на „Универзитетот за применети науки на Горна Австрија“ – проф. Гералд Раизингер потпишаа Договор за соработка помеѓу двете институции. Потпишувањето на Договорот ќе резултира со интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер на знаења и технологии и соработка при реализација на научни проекти.- Универзитетот за применети науки од Линц претставува водечка образовна институции на Горна Австрија и еден од водечките универзитети во Австрија. Меѓународните проекти, приходите од истражувачката работа и публикувањето во релевантни научни списанија се помеѓу најзначајните карактеристики на оваа научна установа. Сметам дека соработката со „Универзитетот за применети науки на Горна Австрија“ нуди големи потенцијали и јас искрено се надевам дека истите ќе ги искористиме на најдобар можен начин во интерес на развој и подигање на реномето на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – истакна ректорот Марина.
Потпишувањето на Договорот за соработка со „Универзитетот за применети науки на Горна Австрија“ е дел од иницијативата на Ректорот Нинослав Марина за воспоставување на ефективна меѓународна соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и реномирани универзитети ширум светот, во чии рамки веќе се склучени договори со над педесет универзитети од Азија, Африка, Европа, Јужна и Северна Америка. 

 
– Универзитетот за применети науки од Линц претставува водечка образовна институции на Горна Австрија и еден од водечките универзитети во Австрија.

Пронајдете не на следниве мрежи: