Во автобус на ЈСП се собрале рекордни 927 пензионери

Македонските пензионери го соборија сопствениот рекорд за вторник: успеаја да влезат 927 во еден автобус. Станува збор за двокатна 15-ка, која по неверојатното достигување веднаш беше испратена на ремонт. Досегашниот рекорд за вторник беше 921 во двокатна 5-ка. Пензионерите, сепак, не успеаја да го соборат апсолутниот рекорд во дисциплината бесплатен превоз кој е остварен во петок и изнесува фантастични 998 пензионери во 3-ка во правец на Клинички центар.
За жал, резултатот не беше повторен на враќање, бидејќи дел од пензионерите беа задржани на скопските клиники поради нагмечувања по телото од прв, втор и трет степен.
Учесници на најголемиот подвиг досега раскажуваат дека во еден момент во автобусот се качиле повеќе од 1.000 пензионери, но на првата кривина тројца испаднале низ врата а еден низ прозор и така бројката останала троцифрена. За официјален резултат се смета само бројот на пензионери кои се задржале во автобусот од една до друга станица.

 
За в петок е најавен нов обид за уривање на апсолутниот рекорд со што Македонија би влегла и во Гинис.
Не е познато дали бесплатниот автобуски превоз треба да биде казнив според Вилма Трајковска, која побара комунизмот да се казнува, зашто оваа неокомунистичка мерка на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја немаше ниту во социјализот на СФРЈ кога за возење се плаќаше билет.
Извор. kozanostra.netДосегашниот рекорд за вторник беше 921 во двокатна 5-ка. Пензионерите, сепак, не успеаја да го соборат апсолутниот рекорд во дисциплината бесплатен

Пронајдете не на следниве мрежи: