Во Бугарија е пронајден најстариот златен артефакт во светот

Бугарските археолози откриле златен накит во форма на прстен со пречник од четири милиметри, за кој тврдат дека е најстар во Европа и најверојатно и најстар златен артефакт досега пронајден во светот.Накитот е откриен на местото на праисториска населба во југозападна Бугарија и датира од меѓу 4600 и 4500 година п.н.е., што значи дека е околу 200 години постар од накитот пронајден во 1972 година во некрополите од бакарниот период во бугарскиот град Варна на брегот на Црното Море, кој се сметаше за најстар златен предмет откриен досега.
– Нема сомнеж дека се работи за предмет постар од златото пронајдено во Варна, изјави професор Јавор Бојаџиев, член на Бугарската академија на науките (БАН). – Тоа е навистина важно откритие. Тоа е мало парче од злато, но доволно големо за да го најде своето место во историјата, додаде Бојаџиев.
Тој верува дека златниот накит е направен на локацијата каде и што е пронајден во близината на Пазарџик и вели дека тоа нејверојатно била прва урбана населба во Европа во која живеела заедница на високо развиена култура, која се преселила од Анадолија во денешна Турција во 6000 година пред новата ера.
– Би рекол дека тоа бил прототип на модерниот град, иако ова што ние го имаме тука е антички град по месопотамски стандарди, но ние тука зборуваме за населба која за околу 1.000 години им претходи на Сумерите, кои се сметаат за прва урбана цивилизација, а живееле во јужниот дел на Месопотамија во денешен Ирак, оцени Бојаџиев.
Златниот прстен е ископан во остатоци на мала куќа од времето кога почнале да се користат бакарот и златото. Досега се откопани 10 до 12 хектари од наведената населба, која има 2,8 метри висок ѕид.
На тоа место се најдени над 150 керамички фигури на птици кои укажуваат дека жителите на населбата ги обожувале животните.
Населбата била уништена од непријателски племиња кои ја нападнале од североисток околу 4000 година пред новата ера.
Златниот прстен ќе биде изложен во Историскиот музеј во Пазарџик, откако целосно ќе биде испитан и ќе се потврди неговата старост.Накитот е откриен на местото на праисториска населба во југозападна Бугарија и датира од меѓу 4600 и 4500 година п.н.е., што значи дека е околу 200

Пронајдете не на следниве мрежи: