Во Доњецк и Луганск утре ќе се одржи референдум за независност

Прашањето на гласачките ливчиња ќе гласи: „Дали го поддржувате самоопределувањето на Народна Република Доњецк?“, пришто зборот самоопределување треба да се сфати како независност. Слично изјаснување ќе биде одржано и во соседниот регион Луганск.Референдумот за независност на Доњецк организаторите ги чинеше 1200 евра за тонерите од печатачите, на кои се отпечатени ливчиња за нешто повеќе од 3 милиони избирачи.
Во двата региони живеат вкупно 7,3 милиони луѓе. Гласањето ќе трае од 5 до 19 часот по средноевропско време, кога ќе започне пребројувањето на гласовите на 53 локации во Доњецк и Луганск.
Претседателот на новооснованата изборна комисија, Роман Љагин, изрази надеж дека резултатите од референдумот ќе бидат објавени до 15 часот во понеделник, на 12 мај.
„Голем број од изборната комисија го сочинуваат жени, а редот ќе го одржуваат нивните сопрузи, браќа и синови“, рече Љагин, додавајќи дека нема причина за загриженост.
Проруските лидери кои го организираат реферндумот во Доњецк не открија многу за тоа како ќе изгледа евентуалната идна република, кои ќе бидат нејзините овластувања и дали ќе бара да се припои кон Русија, како што и Крим тоа го има направено.Референдумот за независност на Доњецк организаторите ги чинеше 1200 евра за тонерите од печатачите, на кои се отпечатени ливчиња за нешто повеќе од

Пронајдете не на следниве мрежи: