Во експлозија убиени три британски војници и девет Авганистанци

Тројца британски војници се убиени во експлозија на бомба во Авганистан во најсмртоносниот поединечен напад врз британската војска во повеќе од една година во оваа земја, соопшти во средата британското министерство за одбрана, а во експлозијата којашто се случила во вторникот биле убиени и девет Авганистанци.Експлозијата се случила кога возило со британските војници во текот на редовната патрола наишло на импровизирана експлозивна направа покрај патот во областа Нахр-е Сарај во јужната авганистанска покраина Хелманд.Уште шест британски војници се ранети во истата експлозија којашто се случи два дена откако талибанските бунтовници најавија дека ја започнуваат својата традиционална пролетна офанзива, најавувајќи дека примарни цели ќе им бидат странските воени бази и дипломатските претставништва.„Плативме многу висока цена за работата којашто ја извршуваме во Авганистан“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во интервјуто за британската телевизија ITV во средата претпладне.Од октомври 2001 година кога со инвазијата на меѓународните коалициски сили беше соборен талибанскиот режим, во Авганистан според официјалните податоци загинале вкупно 444 војници.
МакфаксТројца британски војници се убиени во експлозија на бомба во Авганистан во најсмртоносниот поединечен напад врз

Пронајдете не на следниве мрежи: