Во Канада пронајдени 6 тела закопани во жардиниери

Полицијата на Торонто објави дека пронашла остатоци од тела од најмалку шест луѓе на имот што се поврзува со осомничениот сериски убиец Брус Мекартур. Шеесет и шестгодишниот Мекартур е веќе обвинет за пет случаи на убиство од прв степен.
Детективот Хенк Идсинга, кој ја води истрагата, кажа дека остатоците се пронајдени во жардинери на имотот што Мекартур го користел како складиште во замена за негово одржување.
Мекартур беше уапсен на 18 јануари откако беше поврзан со исчезнувањето на двајца мажи, кои за последен пат биле видени во таканаречената област „Село на хомосексуалци“ во Торонто. Остатоците од еден од нив се пронајдени сега на имотот.
Набргу потоа, тој беше обвинет за уште три убиства и полицијата кажа дека врши широка потрага по нови можни жртви.
„Полицијата заплени 15 жардинери, но не можам да откријам до каде сме со нивното испитување. Ќе се вршат ископувања и во дворот, што би можело да потрае една недела. Истрагата е проширена и на други 30 имоти што Мекартур ги одржувал“, изјави Идсинга. Шеесет и шестгодишниот Мекартур е веќе обвинет за пет случаи на убиство од прв степен.
Детективот Хенк Идсинга, кој ја води истрагата, кажа

Пронајдете не на следниве мрежи: