Во организација на секторот за собраќај при општина Кичево денеска се одржува регионалниот натпревар „Детски Семафор 2016“, на кој годинава учествуваат само учениците од Кичево и Охрид, за разлика од претходните години кога учествуваа и ученици од Струга и Дебар.Кординаторот на овие натпревари Шасим Османи информира дека од овие два града нема натпреварувачи бидејќи, како што рече, не биле доволно подготвени.
На натпреварите ќе се појават шест најдобро пласирани ученици од Кичево и шест најдобро пласирани ученици од Охрид кои ќе се натпреваруваат теоретски – преку тестови и практично односно со возење велосипед на полигон.
Победниците од денешното натпреварување ќе го претставуваат овој регион на републичките натпревари кои треба да се одржат наредната недела во Скопје.Кординаторот на овие натпревари Шасим Османи информира дека од овие два града нема натпреварувачи бидејќи, како што рече, не биле доволно подготвен