Во Македонија жените живеат подолго од мажите

Жените живеат  просечно 77,1 година или 4,1 година подолго од мажите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.Во брак стапуваат просечно на возраст од 25,6 години.  Во 2012 година склучени се 13.991 бракови од кои жената прв пат стапувала во 92,6 проценти, кај 7,1 процент на жената бил втор брак, а кај 0,2 проценти трет брак.
Просечната возраст на која жената одлучува да роди дете е 26,3 години. Одлучуваат да раѓаат по едно или две деца. Во 2012 година во земјава се родени  23.568 живородени деца од кои 48 отсто или 11.325 се женски. Најчесто женско име во земава е Марија.
Податоците покажуваат дека од вкупно дипломираните студенти во 2012 година повеќе од половина или 55,7 отсто се жени. Бројот на жени магистри е 719, а жени доктори 71.
Од вработените жени најголемиот дел 74,1 отсто работат во приватниот сектор. Повоќе од половината вработени или 56 отсто се жени во образованието, дури 73 проценти се во здеравствената и социјалната заштита, а во секторот рударство и вадење камен ги има само 3 проценти.
Во 2012 година земјава ја напуштиле 622 жени на возраст од 30 до 64 години, од кои најмногу биле од југозападниот регион.

 
Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година, со што се одберлежува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник  прв пат е прославен од повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.
На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.
Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.
Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и не е поврзан со идеалите за родова рамноправностВо брак стапуваат просечно на возраст од 25,6 години.  Во 2012 година склучени се 13.991 бракови од кои жената прв пат ст

Пронајдете не на следниве мрежи: