Спротивно на очекувањата и сите хипотези за глобалното затоплување, во изминатите 15 години фитопланктонот во океанот е зголемен десетократно.Досега бевме сигурни дека фитопланктонот под влијанието на загадувањето и оксидацијата на океаните ќе започне да изумира, што ќе доведе до катаклизми во прехранбените синџири на многу жители на морските длабочини.
Но, последните истражувања покажуваат дека планктонот поради некоја причина почнал насилно да се зголемува во последните десет години. Изгледа како добра вест, но може и да не е, бидејќи научниците сѐ уште немаат одговор на што се должи тоа.
Истражувањата спроведени од научници при Универзитетот Џон Хопкин, укажуваат на десеткратно зголемување на бројот на коколитофорите, како и на други едноклеточни алги кое почнало од почетокот на овој век.
„Нешто чудно се случува и тоа толку брзо, што ги побива сите наши хипотези“, вели еден од авторите на студијата.
Научниците ги анализирале податоците за растот на планктоните во Атлантскиот Океан и Северното Море од средината на 60-тите години на минатиот век. Како резултат се покажало дека зголемувањето на нивото на јаглеродниот диоксид во океаните стана причина за зголемување на бројот на коколитофорите.
Според Вилијам Балч – истражувач од лабораторијата за океанско истражување Бигелоу во Мејн, научниците одамна очекувале дека зголемената киселост на океанот ќе се одрази негативно врз бројноста на овие организми, но тоа не се случило.
„Коколитофорите се размножуваат побрзо за време на потоплите меѓулетни периоди и добиените резултати одговараат на овие податоци. Потполно е можно тие да одиграат главна улога при покажувањето каде да се насочуваме од климатска гледна точка“, објаснува Балч.
„Тоа очигледно зборува за големи промени во екосистемот, но ние уште не разбираме што конкретно го предизвикало таквиот бум на растот и не разбираме во што се крие причината за ваквите промени. Може само да претпоставуваме дека тоа е поради нивото на јаглеродниот диоксид“, додава тој.
Новото истражување, се разбира, е добра вест за суштествата кои се хранат со коколитофори, но не се знае дали овој брз раст на планктони се јавува како корисен или штетен фактор за планетата во целина.
И што е најинтересно – новите резултати покажуваат колку малку знаеме за функционирањето на комплексните екосистеми на Земјата.Досега бевме сигурни дека фитопланктонот под влијанието на загадувањето и оксидацијата на океаните ќе започне да изумира, што ќе доведе до катаклиз



