петок, 13 ноември 2026
Најново

Во овие 14 згради никогаш нема да влезете!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Постојат згради покрај кои луѓето минуваат секојдневно, но не знаат што се случува во нив. Голема е веројатноста дека никогаш нема ни да дознаат бидејќи во нив само одредени луѓе имаат пристап.1. Седиште за владини комуникации, Велика Британија

Тоа е една од трите згради на британските безбедносни агенции. Во ние се откриваат заканите за националната сигурност, а работата овде вклучува надзор поврзан со сајбер напади, меѓународен и домашен тероризам и ширење на нуклеарно, биолошки и хемиско оружје.
2. МИ 5, Велика Британија

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нивната зграда е лоцирана во центарот  на Лондон, а во неа работи внатрешната контраразузнавачка и безбедносна агенција. Стара е повеќе од стотина години и игра голема улога во контраразузнавачки  активности на терористите и шпионите.
3. МИ 6, Велика Британија

Како прва тајна линиjа на одбраната на британската национална безбедност, собира информации за разузнавачките случувања ширум светот, кои би можеле да имаат влијание на политиката на Велика Британија и нејзините економски интереси. Иако е постара од сто години, нејзиното постоење службено е признаено дури во 1994 година кога се преселила на сегашната локација.
4. Канадскиот разузнавачки естаблишмент
Се работи за нацонална агенција за криптологија. Сместена е во Отава и е една од главните безбедносни и разузнавачки организации. Одговорна е за стекнување електронски информации на канадската влада и комуникациските мрежи.
5. ЦИА, САД

Веројатно најголемата разузнавачка служба во светот, позната и по многу холивудски филмови. Сместена е во Вирџинија, а главни улоги и се собирање податоци за странски владетели, корпорации и индивидуалци.

6. НСА, САД

За разлика од ЦИА, НСА се концентрира на собирање податоци преку технологијата. НСА ги собира, декодира и преведува информациите.
7. Австралиска тајна агенција

Собира и диструибира разузнавачки податоци за развојот ширум светот, посебно во азиско- пацифичките региони, кои би можеле да влијаат на интересот и сигурноста на луѓето во Австралија.
8. Генерален директориум за надворешна политика, Франција
Собира и процесуира информации за Франција. Основана е во 1982 година и асистира во воените и стратешките одлуки и има мрежа од околу 5.000 агенти ширум Франција и остатокот од светот.
9. Bundesnachrichtendienst, Германија

БНД е германска разузнавачка служба која собира воени и цивилни податоци. Надзорот се фокусира на меѓународни комуникации и собира информации поврзани со тероризам, оружје за масовно уништување, организиран криминал и информатички криминал.

10. Федерална служба за безбедност, Русија

ФСБ е руски наследник на КБГ. Сместен е во Москва, а главните операции се внатрешни активности, вклучувајќи и контраразузнавачки надзор и сигурност на границите.
11. Истражувачко и аналитичко крило, Индија.
Основано во 1968 година, примарно се фокусира на странските разузнавачки служби и антитероризам. Го известуваат премиерот и нему дирекно му одговараат.
12. Пакистанска разузнавачка служба
Една од најозлогласените разузнавачки служби во светот. Основана е во 1948 година, а се смета дека има големо влијание на пакистанската Влада.
13. Мосад, Израел
Една од најмоќните разузнавачки служби на светот е Мосад. Одговорна е за собирање разузнавачки проекти, тајни операци и антитероризам.
14. Министерство за државна сигурност, Кина
Одговорни се за странски разузнавачи и контрашпионски операции. Главен приоритет им е да го идентификуваат непријателот и борба со револуционерни активности кои се закана за комунистичката партија на Кина1. Седиште за владини комуникации, Велика Британија

Поврзани вести