Во пресрет на сезоната на зимници, подгответе слатко од дуњи!

Во пресрет на сезоната на зимници, подгответе слатко од дуњи!Состојки:
-2,5 кг. зрели дуњи
-750 гр. вода
-2 кг. шеќер
-2 лимона
-1/2 пакетче винобран
Подготовка:
Прво се спрема шербетот.Водата заедно со шеќерот се става во разлесто тенџере на оган да се направи шербет. Во меѓувреме додека врие шербетот дуњите се мијат и се рендаат на едро ренде. Изрендани се ставаат во кофа со вода во која има растворено 5 гр. винобран за да ја зачува бојата дуњата. Може и да не се става винобран само во тој случај бојата на слаткото ќе биде малку потемна односно малку жолто-портокалова. Откако шербетот ќе се направи дуњите се цедат и се ставаат во шербетот. Откако убаво ќе почне да врие насекаде оставаме слаткото да врие уште 20-25 минути со повремено мешање. Откако слаткото ќе се свари и добие златно жолта боја се трга настрана и веднаш се префрла во друго тенџере за побрзо да се излади и се покрива со влажна крпа за да не фати кора. Слаткото се собира во тегла откако убаво ќе се излади.Состојки:
-2,5 кг. зрели дуњи
-750 гр. вода
-2 кг. шеќер
-2 лимона
-1/2 пакетче винобран

Пронајдете не на следниве мрежи: