Во рамки на посетата на САД, министерот Јолевски оствари неколку значајни средби со претставници на законодавниот дом на САД. На средбите соговорниците дадоа целосна поддршка за членството на Македонија во НАТО-алијансата, а изразија и благодарност од долгогодишната поддршка на Армијата на Република Македонија во воспоставувањето мир, безбедност и демократија во глобални рамки.Имено, на средбата со сенаторот Џон МекКејн, поранешен претседателски кандидат, министерот Јолевски порача дека дојдено е времето Република Македонија да го зазеде своето заслужено место како полноправен член на НАТО. Министерот додаде дека и покрај фактот дека Македонија е подготвена да биде дел од Алијансата уште од 2008 година, Министерството и Армијата продолжуваат со реформите во безбедносниот сектор. „Со нашата заложба за постојано унапредување, ние остануваме подготвени, рамо до рамо со останатите земји-членки да ги споделуваме обврските, одговорностите, но и придобивките од членство во Алијансата„ рече министерот.
Сенаторот МекКејн целосно се согласи со фактот дека Македонија ги има завршено потребните реформи за членство. Тој истакна дека соработката меѓу Македонија и САД како стратегиски партнери е од полза за двете земји и изрази благодарност што таа се развива континуирано.
Министерот Јолевски оствари и одвоени средби со конгресменката Валорски, како и со главните советници на претседателскиот кандидат, сенаторот Марко Рубио, при што истакна дека Македонија е посветена на развојот на билатералната соработка со САД, која беше зацврстена со потпишувањето на Декларацијата за стратегиско партнерство, потпишана во 2008 година. Министерот ги презентираше аргументите за прием на Македонија во НАТО, а воедно се осврна и на неодамнешниот развој на соработката, особено во делот на военото образование, преку размената на питомци меѓу македонската Воена академија и академијата „Норвич“.
Во текот на денот, делегацијата од министерството имаше работен ручек со истакнати претставници на најреномираните тинк-тенкови во Вашингтон, на кој присуствуваа и лица од Пентагон и Стејт Департментот. За одбележување е дека претставниците на тинк-тенк заедниците ја истакнаа поддршката за што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО.
Во текот на денешниот ден, министерот Јолевски ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок кој се одржува во Вашингтон, а говорник е Претседателот на САД. На маргините на молитвениот појадок министерот Јолевски имаше средби со министри од Италија и Хаити, парламентарци од Германија, Франција, Норвешка, Велика Британија, како и од земјите регионотИмено, на средбата со сенаторот Џон МекКејн, поранешен претседателски кандидат, министерот Јолевски порача дека дојдено е времето Република Македон