Во Смилево се одбележа 113. годишнина од Смилевскиот конгрес

Високи општински делегации што ги предводеа градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Ѓоко Василевски и пратеничката Соња Талевска, денеска присуствуваше во Смилево на завршната свеченост посветена на 113 годишнината од Смилевскиот конгрес. На спомен костурницата на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и пред споменикот во спомен паркот „Даме Груев“ во Смилево, делегациите положија свежо свеќе.На традиционалното чествување што секоја година го организираат општината, основното училиште „Даме Груев“ и Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев, беше организиран и мал историски час на којшто говореше историчарот Владо Кузмановски, известуваат од Општина Демир Хисар.
На денешното чествување во Смилево присуствуваше и официјална делегација на Полициската станица во Демир Хисар која по повод 7. мај денот на полицијата и 113 годишнината од одржувањето на Смилевскиот конгрес, исто така положи цвеќе.
Цвеќе положи и делегација на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Демир Хисар.
Во текот на изминатите пет дена, во Смилево се одржаа и други активности посветени на овој историски настан во коишто учествуваа смилевските основци и нивните наставници.
На традиционалното чествување што секоја година го организираат општината, основното училиште „Даме Груев“ и Здружението за заштита на

Пронајдете не на следниве мрежи: