Во Струмица двојазични табли и албанско знаме

Зоран Заев прво треба да ги спроведе во пракса најавите за двојазичност во сите градови на Македонија и граѓанскиот концепт што СДСМ го нуди со својата програма, за да ги убеди Албанците да поверуваат во ваквата идеја и концепт што ги промовираат Социјалдемократите, без разлика на етничката припадност, смета шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби.Груби му порача на Заев ако сака да ја спроведе неговата намера за двојазичност и додворување на албанскиот електорат да даде пример со тоа што ќе постави двојазични табли и албанско знаме во Струмица.
Заев, денеска, пак, одби да ги коментира изјавите на Ахмети дека нема право да ги бара албанските гласови. Истакна дека акцент е ставен на граѓаните што ќе бидат во заедничките листи на СДСМ.
„Господинот Ахмети и кој било од власта нека си тераат своја агенда, ние нашите листи ќе ги истакнеме на 6 ноември, тоа е недела. Во тек се целодневни разговори со коалициските партнери, но најмногу, пред сè посветуваме време на граѓаните кои ќе бидат во заедничките листи што ќе ги објавиме. Немам намера да коментирам некои дополнителни детали што изјавил господинот Ахмети“, истакна Заев.
По ваквите настапи на лидерите на ДУИ и СДСМ се отвора прашњето дали Заев и Ахмети стануваат ривали во борба за албанските гласачи во пресрет претстојните избори. Во трката по албански гласови, ДУИ ветува поголеми права за Албанците во Македонија додека, пак, Заев најави дека планира,  доколку ја добие довербата од граѓаните во декември, да воведе двојазичност низ цела Македонија, признавајќи дека смета на албанските гласови за СДСМ.Груби му порача на Заев ако сака да ја спроведе неговата намера за двојазичност и додворување на албанскиот електорат да даде пример со тоа што ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: