ВО ТАЈНОСТ ПОГРЕБАН еден од најголемите монструми на денешницата

Шериф Куаши, еден од двајцата браќа џихадисти, одговорни за нападот врз редакцијата на парискиот сатиричен недленик „Шарли ебдо“, кои беа убиени во акција на полицијата, е погребан во предградие на Париз, под зајакнато полициско обезбедување, изјави градоначалникот на гратчето Женвилије. Тој истакна дека Куаши е погребан синоќа кусо пред полноќ на гробиштата во Женвилије, гратче во предградието на Париз, во кое живеел. 
Никој од роднините не присустувал на погребот, а гробот е необележан, со цел да не стане место на аџилак за исламистите, додаде градоначалникот. 
Неговиот брат и соучесник во масакрот од 7 јануари, Саид е погребан во петокот во градот Ремсу во источна Франција, каде живеел околу две години. Погребот беше извршен под зајакнато полциско обезбедување со присуство на неколумина членови на семејството, а неговиот гроб исто така не е обележан. 
Во нападот врз „Шарли ебдо“ двајцата вооружени исламисти, браќата Шериф (32) и Саид (34) Куаши убија 12 лица, меѓу кои некои од најпознатите карикатуристи во Франција, додека 11 лица беа ранети. Тој истакна дека Куаши е погребан синоќа кусо пред полноќ на гробиштата во Женвилије, гратче во предградието на Париз, во кое живеел. 

Пронајдете не на следниве мрежи: