Во ВМРО-ДПМНЕ за работно место се бараа пари и сексуални услуги

Loading...

Уште во 2012 година, кога целиот тогашен државен врв на чело со Никола Груевски беше во Крива Паланка на предизборна средба со граѓаните, лично предупредив дека се случуваат страшни работи во партијата. Но уште пострашна беше реакцијата на мојата партија на овие мои укажувања, рече Гоце Стојановски, еден од ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата Клик-плус на ТВ 21.Стојановски вели дека лично му кажал на Груевски дека има поплаки, но и изјави од членови на ВМРО-ДПМНЕ што тврдат дека од разни раководни структури или од нивни извршители во институциите им се бараат пари за вработување.
„За некој да стане професионален војник, се бараа 2.500 евра, за некаков началник тарифата беше 5.000 евра, а најскапо беше местото цариник и ова вработување чинеше 10.000 евра.“
Стојановски му предочил на Груевски дека на членките на партијата покрај пари, одредени лица им барале и сексуални услуги. Кога ги прашувал емисарите што доаѓале да го собираат арачот, па зошто и сексуални услуги, тие велеле дека парите се за партијата, а сексуалните услуги за лична сатисфакција и задоволство на тие што треба да ги вработат по институциите.
Стојановски тврди дека успеал да собере и значителен број изјави од тие што му се пожалиле и да се потпишат на нив, по што биле заверени со општински партиски печат. Дел од овие изјави му биле предадени на Мартин Протуѓер, а дел Стојановски сочувал. На состанокот се вклучила и тогашната министерка Гордана Јанкуловска, која побарала ова да се пријави кај неа, во МВР. Стојановски рекол дека токму нејзини соработници се дел од оваа организирана уценувачка структура.
По овој состанок, во септември истата година, Јанкуловска му пуштила 150 полицајци да вршат претрес во неговиот дом. На околните згради биле поставени снајперисти и имале наредба да пукаат во случај Стојановски да се обиде да бега. По ова тој бил притворен, а 4 години му биле одземени и пасошот и личната карта, тврди Стојановски за Клик плус на ТВ 21.
 
 Стојановски вели дека лично му кажал на Груевски дека има поплаки, но и изјави од членови на ВМРО-ДПМНЕ што тврдат дека од разни раководни структур

loading...