Во време на ВМРО-ДПМНЕ сите Јавни претпријатија се финансиски стабилни, за разлика од СДСМ кога беа задолжени и нефункционални

ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи во интерес на граѓаните на Град Скопје со цел подобрување на квалитетот на животот. Нашите заложби за решавање на проблемите на граѓаните се гледаат на дело сите овие изминати години, истакна денеска на прес конференција Марјан Додовски од ВМРО-ДПМНЕ , советник во Град Скопје.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата
По доаѓањето на власт во 2009-та година, локалната власт во Градот Скопје, предводена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Коце Трајановски започна процес на финансиско и економско закрепнување на сите јавни претпријатија.
Така за ЈП „Комунална хигиена“ набавена е нова механизација и возен парк со повеќе од 80 нови камиони за комунален смет и модерни системи за собирање на сметот, исто така како и набавени се подземни контејнери. Додека пак во ЈСП Скопје набавени се 300 нови автобуси, модернизирани се и авто базите. Претпријатието „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ се во подобрена финансиска состојба и за нив се набавени нова механизација и опрема. Значи сите Јавни претпријатија се финансиски стабилни, што е најдобар показател за домаќинското работење во Градот Скопје.
Ние нема тука да запреме, туку ќе продолжиме со поддршка на работата на овие јавни претпријатија, а пред се во насока на зголемување на квалитетот на услугите кои тие ги даваат на граѓаните на Градот Скопје.
Во таа насока, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ќе ги поддржи предложените инвестициони програми на јавните претпријатија за 2017-та година, со која продолжува опремувањето на јавните претпријатија со опрема и со механизација.
На денешната седница ќе бидат предложени инвестициони програми на 3 јавни претпријатија во кои се предвидени инвестиции во набавка на механизација, опрема, возила и други важни инвестиции во износ од над 212 милиони денари или околу 3,5 милиони евра.
Прво за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“ во 2017-та година ќе биде набавена нова опрема, што значи нови возила и механизација за што ќе се инвестираат над 20 милиони денари.
Второ за потребите на ЈП „Улици и патишта“ во 2017-та година ќе биде набавена нова опрема, значи возила и механизација за што ќе се инвестираат 25 милиони денари, додека ќе се одвојат дополнителни 30 милиони денари за изградба на нови простории за секторот механизација, со што ќе се затвори ова повеќедецениско прашање.
Трето за потребите на ЈП „Комунална хигиена“ ќе се набави нова механизација и возила за што ќе се издвојат околу 72 милиони денари, понатаму околу 20 милиони денари за набавка на дополнителна опрема, садови за смет, и уште 45 милиони денари за реализација на проекти како постапување со отпадот, поставувањето на подземни контејнери, рециклажа и собирање на кабаст отпад, или вкупно над 137 милиони денари.
За потсетување, пред неколку недели, на минатата седница на Советот на град Скопје беа усвоени и инвестиционите програми за 2017-та година на ЈП „Градски паркинг“, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП ЈСП-Скопје.
Почитувани, со ова, во 2017-та година, за опрема, механизација и возила, како и за инфраструктурни инвестиции, јавните претпријатија на Град Скопје ќе инвестираат близу 3 милијарди денари.
Ова е само уште еден доказ за разликата помеѓу нас и нашите политички противници.
Додека СДСМ беа на власт во Градот Скопје и јавните претпријатија ги оставија задолжени и нефункционални, на работ на пропаста.
Ние реализираме проекти, купуваме механизација, опрема и нови автобуси, се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во градот Скопје.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата
По доаѓањето на власт во 2009-та година, локалната власт во Градот Скопје, п

Пронајдете не на следниве мрежи: