ВОДИЧ ЗА ДОПИРАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ: Еве кога оди рака, а кога усни и јазик

Ова е најдоброто упатство како треба да се однесувате со женските гради. Дознајте кои движења треба да ги правите и како да знаете во кој правец да продолжите.

Мажите ги обожаваат женските гради а преголемата желба понекогаш може да доведе до тоа со нив неадекватно да постапуваат. 

ВОДИЧ ЗА ДОПИРАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ: Еве кога оди рака, а кога усни и јазик

Еве што треба да правите со градите за таа да „одлепи“ од задоволство.

Фатете ги одзади
Повеќето мажи ја фаќаат жената за гради кога е пред неа, но нејзината сензуалност ќе ја разбудите ако ги фатите одзади, вие застанете зад нејзиниот грб и фатете ги со целата дланка. Кога ќе го направите тоа, во нејзиниот мозок се ослободува окситоцин, кој влијае на нејзиното расположение.

Застанете пред огледало
На тој начин девојката или жената ќе може да види што и правите, а особено е секси двајцата да гледате и да се фокусирате еден на друг.

Користете го јазикот и усните
Допирањето на брадавиците со прстите може да биде малку непријатно, па настојувајте за таа цел да го користите јазикот и усните. Топлиот здив ќе ја возбуди и ќе ги стврдне брадавиците. Не заборавајте и на подрачјето околу брадавиците, како и на остатокот од дојките.

Не цицајте
Ако сакате да цицате, тоа мора да го направите многу, ама многу внимателно. Силното цицање на дојките може многу да ја заболи, затоа бидете нежни.

Намокрете ја
Туширањето е секогаш добра идеја. Кога сте во туш кабината, водата тече на сите страни, а топлата вода го поттикнува крвниот притисок поради што кожата ќе и биде супер-чувствителна. Можете да се насапуните, тоа ќе биде многу пријатно.

Не чекајте да го соблече градникот
Можете да си играте со материјалот, да видите каков е градникот, допирајте ги градите преку материјалот. Тоа е пријатно само на почетокот, пред да го соблечете. Не го повторувајте ова често, бидејќи може да стане чудно.

Бидете нежни
Можете да разменувате груби и нежни допири, но кога се во прашање градите жените најмногу сакаат нежност. Нежни допири и бакнежи. Можете да користите коцка мраз, перце, само е важно да бидете нежни. Со воздржувањето од грубите допири таа навистина ќе ве посакува и едвај ќе чека да станете поконкретни.

Следете ги нејзините реакции
Ќе ви покаже дали сака груби допири или повеќе и одговара нежност. На почеток бидете нежни, па продолжете погрубо. Нека ве води таа, ќе почувствувате кој е вистинскиот пат.

Брадавиците не се копчиња
Тенка е границата помеѓу уживањето и болката. Женските брадавици се премногу чувствителни на допир. Повеќето се чувствителни па ако и таа има такви, морате да бидете внимателни. Чувствително е и ткивото околу брадавиците, па обрнете внимание на тоа. Знаеме дека ги сакате брадавиците, но и остатокот од градите е многу важен и еднакво возбудлив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.