Вонредна состојба: Луѓе пронајдени замрзнати

Новата година во поголемиот дел на САД започнала со екстремни студови, некаде и рекордни, кои одложиле и некои прослави, а неколку смртни случаи се поврзуваат со изложеноста на студот.Американската метеоролошка служба издала предупредување поради ветерот кој по таквото време го зголемува чувството на студ, а кое се однесува на големи пространства во САД – од Тексас на југ до Канада на север, како и од Монтана на запад, до државата Њу Ингланд на исток.
Во Чикаго било премногу студено и за оние кои за Нова година традиционално скокаат во езерото Мичиген, сега покриено со дебел мраз. Тие овој пат само се фотографирале во костими за капење покрај замрзнатото езеро.
Опасно ниските температури зафатиле уште неколку држави на американскиот Среден запад, вклучувајќи и делови од Канзас, Мисури и Небраска, како и Ајова, Минесота, Јужна Дакота и Северна Дакота.
Во Небраска температурите за новогодишната вечер се спуштиле до минус 26 степени, соборувајќи го рекордот од 1884-тата година. Во градот Омаха бил одложен новогодишниот огномет, кој инаку привлекува десетици илјади луѓе.
Во Де Моин, во Ајова, било уште постудено, минус 29 степени, па затворено било лизгалиштето во центарот на градот. Поради ветерот, субјективното чувство било како да е минус 35 степени.
Во Абедин, во Јужна Дакота, живата се спуштила на минус 36 степени, соборувајќи го минатогодишниот рекорд.
Таканаречениот индекс на ладење поради ветерот се спуштил на минус 36 степени во Дулут во Минесота, а на дури минус 50 во североисточна Монтана.
Индексот на ладење е субјективно чувство за температура поради делувањето на ветерот.
И покрај предупредувањата за опасност од хипотермија, во Милвоки сепак било органзирано новогодишното капење во езерото Мичиген, но во еден град во државата Висконсин сличен настан бил откажан.
Кога станува збор за југот на Америка, падот на температурите во Тексас донел слаб снег се до Остин, главниот град на таа држава, како и многу сообраќајни несреќи на лизгавите патишта.
Замрзнати водоводни цевки и празни акумулатори биле чест случај во првиот ден од Новата година од Луизијана до Џорџија.
AP наведува дека студот изгледа ги однел и првите жртви. Во округот Милвоки, во државата Висконсин, властите соопштиле дека во неделата две тела биле пронајдени со знаци на хипотермија .
Полицијата исто така верува дека студот бил причина за смртта на еден маж во Бизмарк, во Северна Дакота, чие тело било пронајдено покрај река.Американската метеоролошка служба издала предупредување поради ветерот кој по таквото време го зголемува чувството на студ, а кое се однесува на го

Пронајдете не на следниве мрежи: