Таа е вештачки произведена, но никој не знае кој точно ја има изработено и како се нашла во пукнатина која е стара 20 милиони години. Научниците не можат да дадат веродостојни одговори на прашањето што гледаат пред нив, а кога е така, секогаш постојат и други луѓе кои се ставаат во нивна улога.Во далечната 1885 година, работник на една австриска леарница со име Рајдл, кршел блок од лигнит кој бил ископан во Волфсег. Тој ја отворил пукнатината во рудата и во неа пронашол железна коцка со чуден изглед, со многу дупки и шевови. Таа имала необична боја и гравури по средината. Со дозвола на компанијата, тој ја однел коцката во музејот Хајматаус во Виена.
Наредната година, рударскиот инжинер Адолф Гурлт го пријавил објектот во Друштвото за природни науки во Бон, со напомена дека е обвиен со тенок слој на рѓа и дека има специфична гравитација од 7,75. Тежи 785 грама, а димензиите му се 67 х 67 х 47 милиметри. Четири страни се релативно рамни, додека преостанатите две кои се наспроти една од друга, се конвексни. Прилично длабок жлеб се движи околу целиот објект.
Никој не може да одговори што е тоа
Гурлт тврдел дека станува збор за метеорит. Меѓутоа, идните истражувања покажале дека ова не е точно. Анализите кои биле направени кон средината на шеесеттите години на минатиот век, не пронашле никакви траги од никел, хромиум или кобалт во железото, што дефинитивно ја исклучи можноста дека станува збор за веселенско тело.
Потврдувајќи дека станува збор за вештачки направен производ со непознато потекло, кој е направен од материјали кои се стари барем 60 милиони години, но и поради ниската содржина на магнезиум, се појавија тврдења дека станува збор за отфрлено железо и дека објектот некогаш се користел како баласт во раните почетоци на рударството.
За разлика од научните теории, се јавуваат и оние ненаучните кои велат дека станува збор за вонземјанска направа која собира податоци и која намерно била инсталирана во планина и крие архивски податоци за нашата планета; други мислат дека станува збор за доказ дека одамна постоела напредна цивилизација која била уништена во катаклизма.Во далечната 1885 година, работник на една австриска леарница со име Рајдл, кршел блок од лигнит кој бил ископан во Волфсег. Тој ја отворил пукнати