Предупредување: Видеото содржи вознемирувачка содржина која не би требало да ја гледаат чувствителни или луѓе со слабо срце! Истото го гледате на сопствена одговорност.
Видео – снимката е направена во Сирија и во неа се гледа војник на Асадовиот режим, кого негов колега го снима додека војникот пука на бунтовниците.
Во граѓанската војна, која речиси две години беснее во Сирија, се верува дека загинале повеќе од 60.000 луѓе, но за многумина тоа е само бројка која на никаков начин не ги допира. Овие смртни случаи се далеку, не ги гледаме, не сме дел од нив, тој конфликт нема никаква поврзаност со нас, а секој холивудски филм е „реален“ колку и таа војна.
Сепак таму умираат вистински луѓе од крв и месо, од чувства, спомени, и тоа никогаш не смее да се заборави. Смртта не знае за идеологија, не знае за страните во конфликтот, не ја интересира кој е во право, а кој не. Таа доаѓа за сите подеднакво.
И тогаш кога нејзиното пристигнување ќе биде снимено со камера и кога ќе се најде пред вашите очи целата нејзина графичка природа,ќе ви стане јасно дека тоа не е филм, дека тоа не е фикција, фантастика или надреална илузија.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Предупредување: Видеото содржи вознемирувачка содржина која не би требало да ја гледаат чувствителни или луѓе со
Пронајдете не на следниве мрежи: