Вознемирувачко видео: Што навистина се случува на протестите во Турција?

Во Турција состојбата се вжештува поради протестите на граѓаните да не се уништи она малку зеленило што остана во центарот на Истанбул. 
За жал, медиумите во Турција не ја прикажуваат вистинската слика и состојба на протестите, па јавноста не знае што навистина се случува таму. Многу турски новинари биле предупредени преку Твитер од властите да не известуваат за состојбата која започна во Истанбул, а се прошири и во други турски градови. 
Една поранешна турска новинарка упатила писмо до голем број медиуми ширум Европа во кое моли за објективно известување за она што моментално се случува во таа земја, што е оневозможено поради владината медиумска цензура.
Преводот на писмото го пренесуваме во целост:
„Она што започна како едноставен протест за зачувување на еден парк во Истанбул се претвори во најжесток напад на мирољубивите демонстранти кој не се памети во оваа земја. Станува збор за застрашувачки пример на турската Влада која што сака да ги потчини своите граѓани, а на медиумите да им наметне најжестока цензура.
Полицијата пред четири дена ги нападна мирните демонстранти кои што спиеја во шатори на плоштадот во центарот на Истанбул. Со тоа се предизвика реакција и во десетици други градови на Турција. Нередите траат веќе четири дена. Демонстрантите се мирољубиви но полицијата жестоко ги напаѓа што доведува до судири.
Полицијата употребува хемиско оружје, димни бомби, солзавци и слично. Стотици се уапсени, илјадници повредени, а има и мртви. Џамиите, хотелите и рестораните се претворија во полски болници. Адвокатите дежураат пред полициските станици и судови каде што се носат уапсените.
Само два независни телевизиски канали објективно ја опишуваат состојбата. Голем број новинари преку Твитер се известени што смеат да објават, а што не.
Сега, повеќе од кога и да е имаме потреба од помош од нашите колеги, потребен ни е јавен притисок за да Владата на Турција престане да користи сила против протестантите. Не сакаме уништување на уште само неколку зелени површини колку што останаат во Истанбул“. Во Турција состојбата се вжештува поради протестите на граѓаните да не се уништи она малку зеленило што остана во цент

Пронајдете не на следниве мрежи: