Вработете се во Општина Кисела Вода-плата 30.000 денари!

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 159/2014За вработување на 1 државни службеници во Општина КИСЕЛА ВОДА за следните работни места:
1. Помошник раководител на сектор за јавни набавки (1)извршител(и);
– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – или со завршен VII/2 степен – општествени науки или техничко-технолошки науки- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои 1 (една) година во државна служба- познавање на англиски или друг странски јазик- работа со компјутери- раководни и организациски способности- способност за тимска работа- способност за решавање конфликти- потврда за положен испит за лице за јавни набавкиПлата: 30.277,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Општина КИСЕЛА ВОДА заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

 

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 159/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација https://prijava.aa.mk.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата https://aa.mk.
Краен рок за пријавување: 04.10.2014За вработување на 1 државни службеници во Општина КИСЕЛА ВОДА за следните работни места:
1. Помошник раководител на сектор за јавни набавки

Пронајдете не на следниве мрежи: