Враќање кон корените – Nokia 108

Nokia вчера го претстави моделот со ознака 108, првиот екстремно евтин телефон со вградена камера…Телефонот ќе биде лансиран во четвртиот квартал од оваа година (најверојатно во ноември), со цена од само 29 долари. Целната група се сите оние за кои имањето паметен телефон се уште претставува луксуз.
Телефонот поседува задна камера со резолуција од 0,3 мегапиксели, екран во боја со големина од 1,8 инчи и Nokia Slam – нов сервис на компанијата кој ви овозможува да споделувате фотографии и музика со останатите Android и Windows Phone уреди.
Она што е најважно за нас? Играта доаѓа со легендарната игра на Nokia – Snake!!!
Телефонот поседува и FM Radio, MP3 Player и поддршка за MicroSD картичка со големина до 32 гигабајти. Телефонот ќе ви овозможи траење на батеријата до 31 ден, што е одлично во споредба со сите паметни телефони.
Преземено од: GSM.mkТелефонот ќе биде лансиран во четвртиот квартал од оваа година (најверојатно во ноември), со цена од само 29 долари. Ц

Пронајдете не на следниве мрежи: