ВРАЌАЊЕ ВО ИСТОРИЈАТА: Ја прекинале војната на Божиќ во 1914 година и заиграле фудбал!

Во бункерите кај Фрелинген, малечко гратче во северна Франција, војниците се треселе од студ на Божиќ во 1914 година. Првата светска војна зема поголем замав. Британците и Германците се убивале меѓусебно, а тогаш на еден ден го запреле војувањето за да заиграат фудбал.Можеби ви звучи како филм или реклама, но приказната е вистинита. Ова го потврдија и двете страни, а постојат записи и фотографии од германските и британските војници за еден од најневеројатните настани во модерната историја, кој се случи пред 100 години.
Пер Термаениус ги откри деталите во својата книга „No Man`s Land at Christmas“.
Всушност, германските војници ненамерно го иницирале настанот. Тие на Бадникова вечер почнале да ги украсуваат рововите и да китат елка. Во тивката вечер пееле божиќни песни. Во затишјето од пукањето и гранатирањето, подоцна им се придружиле британските војници.
-Ало! Дали сте вие од Ворвикшир? – еден германски војник ги прашал Британците.
Другата страна не одговорила.
-Дали сте вие од Ворвикшир? – повторил германскиот војник.
-Дојди, па види – му пристигнал одговор кој сите ги насмеа.
-Да се најдеме на пола пат. Ќе ви донесеме цигари – одговориле Германците и така сѐ почнало. Овој детаљ е опишан во воениот дневник на Роберт Хамилтон, капетан на Кралскиот баталјон од Ворвикшир.
Така, германските и британските војници излегле од своите ровови за Божиќ во 1914 година и тргнале едни кон други. Го оставиле оружјето, се ракувале и си понеле подароци на „ничијата земја“. За време на примирјето кое траело само еден ден, тие заиграле фудбал. Наводно, Германците биле подобри.
Некои историчари го оспоруваат тврдењето дека можеле да играат фудбал, бидејќи полето било преполно со дупки од гранати и било невозможно да се игра на таква површина.

„Не, фрелингенското поле беше совршено за фудбал. На тоа подрачје не падна ниту една гараната“, тврди авторот на книгата Пер Термаениус.
Фудбалскиот натпревар почнал спонтано
„И така, сите се најдовме надвор од рововите. Одеднаш здогледавме еден германски војник како шутира топка. Не се ни снајдовме, а веќе почнавме да играме фудбал“, раскажал Јоханес Ниман, заповедник на 133. британско-саксонска бригада.
„Замрзнатото тло не беше баш идеално за игра, но сепак ги победивме Британците со 3:2“, тврдат Германците.
И двете страни имале по еден војник кој се занимавал со фудбал. Кај Британците тоа бил наредникот Џејмс Којл, кој играл за шкотскиот Албион. Тој ја преживеа војната и заминал од војска во 1926 година.
Германците го имале Алберт Шмит, фудбалер на третолигашкиот клуб Фузбалклуб 02 Шедевиц. Алберт загина во 1916 година.
„Ова беше навистина среќен и необичен Божиќ. Но, по полноќ го зголемив бројот на стражари“, додал Хамилтон во својот дневник.
Можеби ви звучи како филм или реклама, но приказната е вистинита. Ова го потврдија и двете страни, а постојат записи и фотографии од герман

Пронајдете не на следниве мрежи: