Дејли Колер, еден од водечките интернет весници во Вашингтон, објави колумна од Џејсон Катз, кој повикува дека е крајно време САД да дадат поддршка за приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија.Катз додава дека, и покрај тоа што за разлика од земји како Грција, Македонија не може да смета на целосната поддршка на НАТО и ЕУ во справувањето со бегалската криза, македонските власти сепак постапиле хумано и во согласност со европските стандарди, обезбедувајќи безбеден премин на огромен број бегалци. Сепак, растечките безбедносни закани поврзани со бегалската криза и се позасилените руски активности во регионот, според Катз, се причина да се стави крај на неизвесноста околу македонските интеграции.
– Време е членките на ЕУ и НАТО да извршат притисок врз Грција да престане да си игра со изолирање на Македонија. Бегалската криза е сериозен притисок врз ресурсите на цела Европа. Таа е и значителна и изненадувачка безбедносна закана која Европејците не ја очекуваа. Забрзувањето на приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија ќе доведе еден стабилен и одговорен играч во тимот. На Европа и е потребна секоја помош што може да ја добие. Со навлегувањето на Руската Федерација на Балканот и на Блискиот Исток, и со заострувањето на војната против тероризмот, на НАТО му се потребни нови членки од доверба. Македонија е сериозен и стабилен партнер како за ЕУ така и за НАТО. Време е да ја тргнеме настрана расправијата околу името и заеднички да се фокусираме на општото добро, пишува Џејсон Катз во колумната за Дејли Колер.Катз додава дека, и покрај тоа што за разлика од земји како Грција, Македонија не може да смета на целосната поддршка на НАТО и ЕУ во справувањето