Времето на СДСМ одамна заврши

Ниту студентите, ниту младите, ниту било која друга категорија на граѓани не им веруваат на зборовите и ветувањата, кои секогаш останувале празни и нереализирани. Но, тоа е основната карактеристика на транзициските политичари и нивната политичка кампања.За разлика од пред 10 години, кога студентите, како резултат на политиките на СДСМ беа социјално загрозена категорија, денес имаат многу можности, поволности и бенефиции кои го олеснуваат нивниот живот и го подигнуваат студентскиот стандард.
Во изминатите неколку години студентите плаќаат унифицирана и петкратно пониска партиципација за студирање од износите кои ги плаќаа во периодот до 2006 година. На располагање имаат повеќе од 40 различни видови стипендии, за разлика од минатото кога се доделуваат само неколку видови кои се броеја на прсти. Добиваат бесплатен превоз во јавниот сообраќај и бројни попусти при посети на музеи, театри, културни и спортски манифестации. За најдобрите студенти  воведено е и наградно патување на атрактивни туристички дестинации.
ВМРО – ДПМНЕ предвидува конкретна законска регулатива, со која ќе им се даде можност на најдобрите студенти на петте најдобро рангирани универзитети доколку имаат желба, да се вработат во јавниот сектор, а во меѓувреме, во интерес на студентите и обезбедување на соодветен работен ангажман, континуирано се поддржува и поврзувањето на високо образовните установи со бизнис заедницата во земјата.
Во 2017 година стапуваат на сила и неколку усвоени законски одредби со кои се предвидува намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства, се обезбедува парична стимулација за упис на технички факултети, промена на студентски статус, односно, доколку студент запишан на некој од државните универзитети во квотата со кофинансирање, по завршена втора студиска година на прв циклус на студии, по положувањето на сите дотогашни испити, оствари просечна оценка над 8.5, по автоматизам ќе биде префрлен во државна квота, а се воведуваат и стипендии за постдипломски и докторски студии.
Студентите умеат да препознаат лицемерие и затоа не ја даваат поддршката на СДСМ.  Сакаат конкретни дела, а ВМРО-ДПМНЕ ветува и остварува.За разлика од пред 10 години, кога студентите, како резултат на политиките на СДСМ беа социјално загрозена категорија, денес имаат многу можности,

Пронајдете не на следниве мрежи: