Втор дел од пробиениот и проширен булевар „Партизански Одреди“

Вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“ денес официјално беше пуштен во употреба. Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот од новиот кружен тек кај Порта Влае, па се до кружниот тек кај црквата Св. „Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.Извршена е реконструкција и проширување на постојниот коловоз во должина од 500 метри со што се доби современ и модерен булевар со шест сообраќајни ленти, по три во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар. Булеварот има средишно зеленило, а од двете страни има велосипедска патека со ширина од два метри и пешачка патека со ширина од три метри.

Вкупната инвестиција за реализација на втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди” изнесува 40 милиони денари.

Извршена е реконструкција и проширување на постојниот коловоз во должина од 500 метри со што се доби современ и модерен булевар со шест сообраќајни

Пронајдете не на следниве мрежи: