ВТОРАТА ЦРНА КУТИЈА Е БЕСКОРИСНА? Исчезна меморискиот чип кој ги бележи податоците за летот!

Првата црна кутија која ги бележи разговорите (Cockpit voice recorder, CVR), може да даде многу податоци иако е оштетена.„Иако е оштетена, тоа не значи дека кутијата е бескорисна“, изјави поранешниот директор на ВЕА, Жан Пол Труде.
Мемориската картичка која е слична на оние кои се наоѓаат во компјутерите е посебно добро заштитена во црната кутија. Таа може да помогне да се утври кој командувал со летот, дали капетанот се наоѓал во кабината или не, дали се наоѓале други лица во кабината, освен пилотот и копилотот. Можно е да се слушне и нивниот разговор.
Подоцна пристигна информација дека е пронајдена и втората црна кутија од авионот Airbus 320 која бележи податоци за летот, но беше пренесено дека е екстремно оштетена. Дополнителен проблем создава и фактот дека недостига меморискиот чип кој се наоѓа во нејзината средина.
Пред само четири месеци, беше издадено предупредување за сите авиони од типот Airbus, поради грешка која би можела да доведе до уривање, што беше и случајот вчера. (ЛИНК)
Според „Mirror“, Airbus во декември ги смени упатствата за користење на своите авиони, откако на моделот А321 на Lufthansa престана да функционира опремата која го контролира аголот со кој авионот полетува од пистата. Тоа го активирало тн. Заштитен систем Алфа, кој авионот го свртел „со носот кон надоле“.

Сличен инцидент се случил на 5 ноември на Airbus 321 кој летал од Билбао за Минхен. Авионот над Памплона нагло почнал да ја губи висината и само за една минута паднал повеќе од 1.000 метри.
Денес беа издадени привремени податоци од компанијата „German wings“ за националната припадност на настраданите: Германија 72 (меѓу кои имаше и цело одделение на ученици – ЛИНК), Шпанија 35, Велика Британија 1, Холандија 1, Колумбија 1, Мексико 1, Јапонија 1, Данска 1, Израел 1, Австралија 2, Аргентина 2, Иран 2, Венецуела 2 и САД 2.
И додека се утврдува причината за падот, францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, потврди за радио RTL дека се вложуваат напори да се извлечат информации од пронајдените црни кутии, а дека сѐ уште се трага по уредот за снимањето на параметрите на летот.
Повеќе од 300 полицајци, 380 пожарникари и 30 припадници на специјалната единица на планинската полиција и денес се обидуваат да дојдат на непристапниот терен за да соберат повеќе информации за настраданите и причината за падот на авионот, но целата операција тече многу бавно со оглед на тоа дека остатоците од авионот се наоѓаат на околу еден ипол хектар земја.
Иако тоа е огромно подрачје, со тоа се исклучува можноста дека авионот експлодирал, бидејќи остатоците би биле расфрлани на многу пошироко подрачје.„Иако е оштетена, тоа не значи дека кутијата е бескорисна“, изјави поранешниот директор на ВЕА, Жан Пол Труде.
Мемориската карт

Пронајдете не на следниве мрежи: