Windows XP „заминува“ во пензија

И официјално на 8ми април 2014 Microsoft ќе ја прекине поддршката на нивниот најпопуларен оперативен систем Windows XP.
„На 8ми април 2014 Microsoft ќе ја прекинe поддршката за една деценија стариот Windows XP. Ова значи дека нема да добивате апдејти, вклучувајќи и безбедносни апдејти за Windows XP од Microsoft“ е објавено на официјалниот сајт на Microsoft.
На истиот датум престанува и поддршката за Microsoft Office 2003 пакетот, кој е стар колку и Windows XP.
На сајтот Microsoft предупредуваат за безбедносните ризици кои може да настанат без безбедносни апдејти, губење на податоци, поголема изложеност на вируси и сл., но и дека новите софтверски пакети нема да може да се инсталираат на XP.
Повеќе од она што го нуди Microsoft како замена може да најдете на следниот ЛИНК.И официјално на 8ми април 2014 Microsoft ќе ја прекине поддршката на нивниот најпопуларен оперативен систем Windows XP

Пронајдете не на следниве мрежи: