За две години пристигаат телевизори кои ќе можеме да ги свиткаме како хартија

LG во четвртокот претстави проѕирен OLED екран, но и екран кој може да се замота. Како што велат, веќе во 2017 година на пазарот ќе има проѕирни екрани кои се виткаат со дијагонала од 60 инчи.За некоја година преносните телвизори ќе добијат сосема нова смисла бидејќи ќе можеме едноставно да ги замотаме како весник и да ги понесеме со себе.
LG во четвртокот претстави два нови 18 инчни OLED екрани, едниот се витка, а другиот е проѕирен.
Да не би помислиле дека тоа останува визија за некоја подалечна иднина, LG вели дека до 2017 доволно ќе ги усовршат Ultra HD OLED екраните кои се флексибилни и проѕирни, а дијагоналната величина им е 60 инчи.
Тоа значи дека за некоја година телевизорите ќе ни бидат вргадени или скриени во ѕидовите по куќите.
Флексифилниот екран може да се свитка во радиус од три сантиметри без влијание на екранот, а додека пак проѕирниот екран пропушта 30 проценти светлост, за разлика од постоечките LCD екрани кои испуштаат 10 проценти светлост.За некоја година преносните телвизори ќе добијат сосема нова смисла бидејќи ќе можеме едноставно да ги замотаме како весник и да ги понесеме со себ

Пронајдете не на следниве мрежи: