За еден месец нова инвестиција од 1 000 000 евра во Општина Кривогаштани

Loading...

За еден месец во Кривогаштани ќе стартува најновата инвестиција тешка 1 милион евра на компанијата „Бакалески промет“ која планира да преработува и произведува зеленчук, како и сушеноовошје. Инаку ова е инвестиција на нашиот иселеник во САД Целе Петрески, кој потекнува од Долнени. Оваа компанија ќе биде сместена во старото училиште во селото Славеј, каде веќе се инсталирани машините и се прават последните подготовки на фабриката.„На 15-ти август планираме да започнеме со преработка на пиперки. Освен пиперките планираме да откупуваме и зелка, карфиол, а за наредната година планираме да започнеме и да произведуваме и сушено овошје. Целото производство ќе се пласира во САД, и ќе биде наменето исклучиво за извоз“, вели Бранко Петрески, управител на објектот.
Во првата година планирале да вработата од 30 до 50 вработени. Капацитетот на овој откупен центар за старт ќе бил околу 1.000 тони пиперки за оваа сезона, а потоа планирале и да се прочируваат. Освен што ќе откупувале земјоделски производи од жителите на овој крај веќе засадиле и сопствени насади на 20 декари со феферони.
На 8-му август камен темелник за новиот капацитет исто за производство и преработка на зеленчук во индустриската зона кај Славеј треба да постави и домашната компанија ДООЕЛ Стефан која планира во објектот да вложи 1,5 милиони евра. Со работела ќе започнеле од април идната година.
 
„За наредната сезона а можеби и малку порано ќе бидеме готови со поготнот за замрзнат зеленчук. Во текот на самата градба ќе имаме околу 30-тина вработени, а засега ако имаме потреба од дополнителна потреба на работници за свежиот зеленчук ќе земиме и сезонски работници за таа свежа роба која ќе оди на европскиот и рускиот пазар“, кажа Рубинчо Благадуша, инвеститор.
Пред неколку дена тука својата инвестиција ја претстави и компанијата Везешари која зеде под концесија 560 хектари државно земјиште кое го засади со пченка. Инвестицијата била планира да биде 3 милиони евра и тука да се вратотат 70 лица. Сопственикот планирал на овие парцели да отвори и фарма за бикови, фарма по системот крава теле, сушара и силоси како и калница.
„Целото ова производство ќе се користи во нашите капацитети во Тетово и зрнотои сламата и месото, затоа што ние имаме потреба од сето ова во нашиот капацитет во Тетово. Имаме таму централа на био гас, Везешари фабриката каде одгледуваме кокошки. Пченката ќе ја користиме како храна за таа живинарска фарма, а додека месото од говедата за производство на месните производи во нашата фабрика. Досега увезувавме месо од странство, сега ќе имаме наше производство, ќе штедиме девизи за да тиа пари останат во Македонија“, вели Арбен Абдурамани, сопственик на „Везешари“.
„На инвеститорите им се вели на еден начин во ред земата земја под концесија, но треба и да вработите население од тука. Нормално е дека ако инвестираат дека треба и да вработат, а ако треба да вработат, нека вработат од локалното население. Тоа беше добар потег и понатаму треба да се применува секаде каде се даваат под концесија поголеми површини на земја“, вели Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од општината велат дека овие инвестииции ќе донесат голем бенефит за целиот крај.
„Овие инвестиции покрај тоа што ќе донесат развој на самата општина, бефит ќе има населението од целиот крај затоа што отворањето на едни вакви капацитети значи зголемување на откупните цени на пиперката и другите култури, сопственикот на Везешари истакна дека тие ќе вршат и откуп на поголеми количини на земјоделски култури од овој регион“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.  
Овие три инвестиции чинат околу 5 милиони евра, а во нив треба да се вработат околу 200 лица.„На 15-ти август планираме да започнеме со преработка на пиперки. Освен пиперките планираме да откупуваме и зелка, карфиол, а за на

loading...
Loading...