Задоволство за сите возрасти: Домашни крем банани

Вкусно и слатко задоволство кое не враќа години наназад. Ви нудиме рецепт за домашни вкусни крем банани кои ќе ве воодушеват.Потребни ви се само неколку состојки:

200 ml вода
750 g шеќер
2 кесички желатин во прав
1 шишенце екстракт од банана
100 g чоколадо

Постапка:

Нека зоврие водата со шеќерот, додека не почне да пени, па оставете да се излади. Додајте го желатинот во неа, претходно добро растворен. Вратете го тенџерето со вода и желатин на шпорет, па мешајте неколку минути.
Тргнете го од оган и матете со миксерот, па додајте го и екстрактот и мешајте уште малку со миксерот. Потребни ви се и калапи по желба, премачкани со масло во кои ќе ја сипете смесата, и ќе ги ставите  во фрижидер.
На крај полијте ги со стопено чоколадо на пареа и оставете да се стврднат.
Напомена: Доколку немате калапчиња во вид на банани, истата смеса и постапка може да ја сипете во плех, па да исечете коцки.Потребни ви се само неколку состојки:

200 ml вода
750 g шеќер
2 кесички желатин во прав

Пронајдете не на следниве мрежи: