Дека лидерот на СДСМ и Специјалната јавна обвинителка имаат заеднички план за дејствување потврди синоќа и лично Зоран Заев.Во Капиштец тој ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Катица Јанева треба да ги спроведе за Заев.
-Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев.
Опозицискиот лидер очекува Катица Јанева да му биде ударна тупаница и директно да му помогне на СДСМ за изборите.
-Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев синоќа.
Заев и Јанева имаат мастер-план
Пред една недела медиумите го открија мастер-планот на Заев и Јанева.
Соочувајќи се со се помалиот маневарски простор, Зоран Заев ги уверувал и сопартијците и коалициските партнери дека ќе ја активира и последната карта за одложување на изборите, а тоа е Катица Јанева.
Затоа ургенциите од страна на Заев и неговите сопартијци кај Катица Јанева и нејзините соработници се интензивирале изминатиов период.
Неодамна се одржала и една тајна средба помеѓу Зоран Заев и Катица Јанева надвор од Скопје, на која бил договорен мастер-планот на лидерот на СДСМ за проблематизирање на датумот и бегање од избори, објави тогаш Сител.
Според тие извори, целта на мастер-планот на Заев била компромитација на владеачката партија по секоја цена, со монтирање на случаи, односно преземање на улогата на Чауш од Катица Јанева.
Согласно роковите кои Заев и ги наметнувал на Јанева планот треба да стартува на почетокот на наредниот месец, а Јанева веќе издала наредба во Специјалното јавно обвинителство да отпочнат подготовките.
-На ваквите инсистирања на Заев и Јанева, регирале дури и дел од обвинителите кои се блиски до СДСМ со образложение дека нема ефект да се притиска со правно неиздржани предмети, додека останатата струја, инсистирала дека правниот ефект бил неважен во споредба со ПР ефектот кој би го добил СДСМ. На колегиумите кои се држеле во СЈО, според некои извори, повеќе се коментирале позициите на СДСМ и се осудувале и критикувале настапите на еврокомесарот Јоханес Хан, отколку што се разговарало за предметите кои треба да се работат, објавија медиумите.
Обвинителите на Јанева тортурираат граѓани
Дел од тимот на Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на Заев отпочнал и со конкретни активности. Изминативе денови спротивно на законот стартувале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата.
Но во меѓувреме, голем број на граѓани се охрабрија да го пријават незаконското работење на СЈО и поднесоа кривични пријави во кои тврдат дека обвинителите на Јанева врз нив вршеле силен притисок, им се заканувале и ги заплашувале без присуство на адвокат и без вклучени камери.
„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.
На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Катица Јанева во недостаток на докази вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба.
Спротивно на законот, членови на тимот на Катица Јанева се јавувале на приватни телефони и испраќале пораки, повикувајќи лица во ресторани или на паркинзи. На едно од повиканите лица, дури е нуден и поткуп за да даде исказ во согласност со насоките кои ги добиле од нивната претпоставена.
Ваквите незаконски дејствија, резултираа со неколку кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски. Вработениот кој изминатиов период беше метеорски унапреден од Спасовски, се обидел со пари да го подмити повиканото лице да биде сведок на Катица Јанева.
Вработениот во МВР, против кого е поднесена кривична пријава поради незаконски влијаење на сведоци, како што дознаваме на сведокот му нудел 100.000 евра кои наводно требало да му бидат исплатени од еден од првите луѓе на СДСМ.
Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Подоцна беше обелоденето дека оваа лажна изјава поткупена со огромна сума на пари требало да служи за целосна дискредитација на Гордана Јанкулоска.
Втората кривична пријава е поднесена против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева, меѓу кои и кумот на Филип Медарски-адвокат на Зоран Заев, заради „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
„Спаси ја сопствената кожа“, „Не штеди никого“, „Ќе бидеш казнет со поблага казна ако соработуваш“. Ова се дел од заканите кои му биле упатувани на вработен во МВР од страна на лица од тимот на СЈО Катица Јанева, објави порталот ДЕНЕШЕН.
Според пријавата, обвинителите од тимот на Катица Јанева го терале ова лице под силна закана да даде лажен исказ, односно изјава која не е негова. Му се заканувале и го малтретирале за време на испрашувањето без адвокат, велат нашите информации.
Вработениот во МВР, во пријавата навел дека смета дека при испрашувањето, со уцените и психичкото малтретирање биле повредени неговите човекови права.
Новата “жртва“ на тимот на Јанева поминал низ вистински терор. Обвинителите на специјалната јавна обвинителка кои разговарале со него барале да им посочи со кого соработувал и притоа му вршеле силен притисок и го заплашувале.
Ваквите обиди за поткуп и влијаење врз сведоци, според извори од истрагата, се документирани и поткрепени со докази, а се очекува и надлежното Јавно обвинителство набрзо да го земе предметот во процедура. Истите извори велат дека недозволиво е службени лица од полицијата на ваков начин да се обидуваат да конструираат случаи кои подоцна би и ги претставиле на јавноста како нешто реално.
Обвинителка од тимот на Катица Јанева заплашувала судија и вршела притисок тој да соработува со Специјалното јавно обвинителство. Судијата за случајот веднаш го известил Судскиот Совет. Извори од Советот за Press24 потврдуваат дека судијата поднел претставка за притисок и заплашување против член на тимот на Катица Јанева. Целиот случај тие го препратиле до надлежен орган за понатамошно постапување. Во случајот за ваква претставка надлежно е Јавното обвинителство.
Неофицијално, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Специјалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. Веднаш потоа случајот бил пријавен.Во Капиштец тој ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Катица Јанева треба да ги спроведе за Заев.
-Не само што има формирано Сп