Жална вест: Почина легендата на македонскиот и битолскиот ракомет Боро Чурлевски

Во 49. година од животот, по долго боледување почина легендата на македонскиот и битолскиот ракомет Боро Чурлевски.Чурлевски кариера како играч ја почнал во Пелистер во 1984. година со кој 3 пати ја освојуваше вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984. и 1990. година, Една сезона (1989) помина во Црвенка, за повторно да се врати во Пeлистер од каде во сезоната 1991/92 премина во Тутунски комбинат од Прилеп, со кој ја освои титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ.
По осамостојувањето, кариерата ја продолжи во Борец од Велес со кој во 1993 го освои Купот на Македонија, пред повторно да се врати во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освои 4 првенства и 5 Купови на Македонија.
Во сезоната 1999/00 играше во грчкиот Килкис, а кариерата ја заврши во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освои шампионската титула во Црна Гора во сезоната 2000/01.
Многу пати е прогласуван за најдобар играч и најдобар стрелец на турнирите на кои настапувал: Меѓународен турнир – Добој 1994/96 г., Струга 1994/96 г., Меѓународен турнир – Лесковац 2000 г., најдобар стрелец во 1989 г. во Светозарево и 1992г. во Струга.
Последен негов ангажман беше на позицијата тренер на РК Прилеп, на чија клупа седна во септември годинава.Чурлевски кариера како играч ја почнал во Пелистер во 1984. година со кој 3 пати ја освојуваше вице-шампионската титула во СФРЈ во период

Пронајдете не на следниве мрежи: