Научниците нагласуваат дека ништо од лимонот не смеете да фрлите, ни лимоновото „месо“ со сок, ниту семките, а посебно не кората! Лимоновата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини отколку самиот сок од лимон.Освен антиканцерогеното делување, целиот лимон помага при ослободување на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактериските инфекции и габи, добар е против интерните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив, и е одличен во борбата против стресот и пореметувања со живците.
Освен очигледните здравствени причини, на следниов начин ќе уживате како никогаш до сега во неговиот преубав целокупен вкус, посебно кората.
Едноставно е, земете непрскан лимон (ако немате домашен проверен, купете органски био лимон во поголемите продавници или продавниците за здрава храна), добро измијте го и ставете го во замрзнувач (можете цел, а можете и на кришки).
Откако добро ќе го замрзнете лимонот, извадете го и изрендајте го!
Така може да го посипете врз салата, сладолед, супа, житарки, омилен пијалак или во/на било што друго.
Тоа што ќе го доживеете е сосема нов вкус во кој ќе уживате, а вашето тело ќе ви биде благодарно и здраво. Освен антиканцерогеното делување, целиот лимон помага при ослободување на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактериските инфекции