Запечени шницли со шампињони!

Loading...

Совршена комбинација – месо, ориз и шампињониПотребни состојки:
500 гр свински шницли (може пилешки или телешки шницли)
1 лажичка сенф
400 гр печурки
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 чаша (чаша од 1 дл) ориз
сол, бибер
1 лажичка куркума во прав
1 лажичка оригано
1 лажица сецкан магдонос
2 прстофати мелен црвен пипер
1 голем домат
3-4 лажици кисела павлака
100 рендано сирење
Начин на подготовка:
Начин на подготовка:

 

1. Свинските шницли исчукајте ги со чекан за месо, посолете, ставете бибер и премачкајте со сенф, наредете ги на намастен плехи оставете ги на ладно место.
2. Додека шницлите стојат на страна, измијте го оризот и сварете го, исцедете од водата.
3. На 2 лажици масло додадете го сецканиот лук и кромид, сецканите пампињони и пржете додека течноста не испари. Додадете оригано, сол, сецкан магданос, куркума, 2 прстофати мелен црвен пипер и варениот ориз. Сето тоа добро измешајте го.
4. Смесата ставете ја врз шницлите во плехот. Еден поголем домат излупете го и исечете го на кришки, па ставете преку шампињоните.
5. Преку доматот ставете кисела павлака и на врвот ставете рендан кашкавал.
6. Печете на 200 степени 40 минути да добие златно кафеава боја.
Добар апетит. 
*Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје, диети и сл. можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКПотребни состојки:
500 гр свински шницли (може пилешки или телешки шницли)
1 лажичка сенф
400 гр печурки

loading...
Loading...