Започна теренската процената на штети од временската непогода мраз во Општина Ресен

Денес во Општина Ресен се организира воведна обука за комисиите формирани од страна на Општината за процена на штетите предизвикани од временската непогода мраз која ја зафати територијата на Општина Ресен во периодот од 21.04.2016-23.04.2016 како и на 27.04.2016 и која предизвика одредени штети врз овошните насади.За таа цел денеска во малата сала на општината професерот од Земјоделскиот факултет во Скопје д- р Миле Пешевски реализира теоретска и практична обука на терен за петте општински комисии кои во периодот од наредните 30 дена интензивно ќе вршат процени на штети врз овошните насади врз основа на веќе пристигнатите 2300 пријави за штета кои граѓаните на општината ги доставуваа во периодот од 17.05.2016 –25.05.2016.
– По извршувањето на процената од страна на општинските комисии истите се задолжени да подготват севкупен извештај и истиот да го достават на усвојување до Советот на Општина Ресен, по што потоа се информира Владата на Република Македонија која ќе одлучува по евентуално обештетување на граѓаните кои пријавиле штети – истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.За таа цел денеска во малата сала на општината професерот од Земјоделскиот факултет во Скопје д- р Миле Пешевски реализира теоретска и практична об

Пронајдете не на следниве мрежи: