Запознајте ја Тања Фајон: Противник на македонските национални интереси!

Запознајте ги подобро ликовите на политичката сцена во Словенија и Европа. Европратеничката Тања Фајон, претставник на тврдото лево крило, борец за отворање на европските границите за бегалците, заслужна за „прогресот“ на словенечката држава и европратеник кој се обидува да ја крои и судбината на Македонија, а против волјата на мнозинството македонски државјани.Фаворитката на Кучан
Во Брисел засвети нова ѕвезда на словенечката левица, миленичката на доминантните словенски медиуми. Посебно е амбициозна: уште малку недостасуваше да стане европска комесарка, затоа многумуна ја гледаат на чело на СД (Социјални Демократи) и левицата, а уште повеќе по последниот марш за поддршка на мигрантите, кога до неа застана поранешниот претседател Милан Кучан. Но, зад светиот лик на Тања Фајон се крие уште многу што друго, за кое што нејзините медиумски обожаватели молчат. Нејзините познавачи велат, дека е женската верзија на Борут Пахор, само што е по радикална, а пред сѐ со помалку искуство во политиката. Сака да ги врти новинарите околу малиот прст, а камерите многу повеќе ги привлекува од било кој друг нејзин словенски колега од ЕП, кои имаат далеку повеќе искуство во политиката и поголема тежина во европската политика.
Позната е пред сѐ како некогашна новинарка, дописничка на РТВ Словенија од Брисел, на која и успева да оствари политичка кариера, а никој не ја знае поздината. Нејзиното минато е потполна тајна и бидејќи скоро никој не ја познава, може да биде славна и политички ветувачка. Во такви услови може да претендира и за кандидатка за највисоки функции.
Сопруг новинар и снимател од ЕП
Тања Фајон произлегува од угледно новинарско љубљанско семејство. Нејзиниот татко Богдан Фајон бил долгогодишен уредник на РТВ Словенија, нејзината мајка Нева Фајон во истата куќа била монтажерка, помеѓу останатото соработувала на монтажата на пет словенечки филмови. Братот Сашо Фајон е композитор. Има уште две полусестри од првиот брак на татко и, но со нив нема никакви контакти, дури не ги ни споменува во нејзината биографија.
Тања многу е поврзана со нејзината мајка, со која што повеќе пати е видена во јавност, татко и умира од мозочен удар на преминот на векот. Во медиумите откриено говореше за својата успешна победа во борбата со леукемијата, дека го одбила донаторот на коскена срж и оздравела со новиот лек, кој што сега е регистриран и во Словенија. По образование е универзитетски дипломиран новинар, магистериумот по меѓународна политика не го завршила на парискиот универзитет, како што пишува во нејзината биографија, туку на неговата поддружница во Брисел.
Новинарската кариера ја започнува во радио станицата РГЛ, потоа во Радио Словенија, од каде што заминува за дописник во Брисел. Од прво ја слушавме со двојно презиме: Тања Фајон Краутбергер. Имено била омажена со новинарскиот колега од Радио Словенија Марко Краутбергер, кој заедно со неа заминува за Брисел. Но за кретко време потоа, се разведуваат, имено таму го запознава својот сегашен сопруг, германскиот новинар Веит-Улрлих Браун. Тој бил дописник на Дојче Веле од Брисел, но мандатот му истекол. Тања му обезбедува соодветен договор со РТВ Словенија, како снимател. Покрај тоа, сѐ уште известува за ТВ-станицата ДВ и ВДР.
Интересно е и тоа што, РТВС воопшто го прифатила, со оглед на тоа што е новинар а приучен снимател, затоа што за словенечката телевизија не може да известува на германски или англиски јазик, а словенечкиот јазик секако не го знаел. Покрај тоа, РТВС со него соработува и кога Фајон станува европски пратеник, и така со камера ја следи нејзината работа во ЕП. На пример, кога во ЕП како кандидатка за европска комесарка е интервјуирана Аленка Братушек , тој настан за РТС со камера го следел и сопругот на Фајон, која што била исто така сериозна кандидатка за таа позиција.
Се разбира, се поставува прашање, дали можеби поради тоа Фајон ја гледаме повеќе пати на малите екрани одколу другите европски пратеници од Словенија. Го поставивме ова прашање на РТВ Словенија, дали е соодветно со новинарските стандарди и професионалните мерила на јавната куќа, сопругот да ги следи политичките збиднувања, на кои учествува неговата сопруга. Исто така не интересира, каков договор има склучено со Браун, за колку време и колкав надомест и како воопшто бил тој избран за таа работа. Одговорот беше ветен најдоцна за седум работни дена, кој што ќе го објавиме кога ќе го добиеме.

Проблеми со наемнината при политичката кандидатура
Најинтересни се секако околностите под кои Фајон воопшто станува кандидат за европски пратеник. Како што самата вели, на листата ја поканил тогашниот премиер Борут Пахор, затоа што како дописник својата работа ја извршувала професионално и ја познавала европската политика. Меѓутоа словенечките политичари, кои што тогаш биле во Брисел, нејзиното известување го опишуваат со различни впечатоци. Многу задоволни биле, на пример европските пратеници од редовите на левицата, а во исто време кога се спомнувале „десните“, многу често се случувале проблеми со камерата, кога сакале да кажат нешто за својата работа.
Слично се случувало и со премиерите: кога биле посетите на Јанез Дрновшек и Тоне Роп, настаните биле многу добро “покриени”, дописништвото на РТВ би го занемарил првиот настап на Јанез Јанша во улога на претседател на Советот на ЕУ. Секако Пахор мора да бил многу воодушевен од неа што ја наговорил да ја прифати кандидатурата. До душа, во ЕП се зборува се и сешто, а за Пахор е познато, дека му се допаѓаат убави жени.
Политичкото решение дошло во вистински момент. Фајон разбира дека во сптември 2009-та и истекува нејзиниот втор мандат за допискик од Брисел и дека нема да и го продолжат. Згора на тоа, тогашното раководство на РТВС не било воодушевено од нејзината новинарска работа, затоа побарала нова работа и ја добила во политиката. Во исто време кога се обидуваше да стане европски пратеник, и понатака сакала да ја прима новинарската плата и да ги ужива бенифитите на дописник.
Меѓутоа, од РТВС предвреме ја одповикале од тоа работно место и во исто време ја известиле дека повеќе нема да и ги покриваат трошоците за наем на станот во Брисел. Исто така и побарале да го врати депозитот, кој бил платен од страна на РТВС, инаку тие трошоци ќе и ги одбијат од нејзината (последна) априлска плата. Фајон се повикувала на договорот, кој и овозможува отказен рок, иако во јуни била избрана за пратеник во ЕП, каде што зема далеку поголема плата.
На крајот се договорила да задржи работно место во културната редакција на Радио Словенија, каде ќе може да се врати по завршувањето на политичката и кариера.
Како ги сруши Лукшич и Братушек
Познато е дека нејзината кандидатура предизвика немир во партијата, со оглед на тоа што на добро платената положба во Брисел се гледаа многу членови со долгогодишно политичко искуство. Особено Бреда Печан и Дарја Лавтижар Беблер, биле многу навредени од одлуката на Пахор, посебно што повеќе им верувал на некогашниот политичар од ЛДС Зоран Талер и Фајон, кои што не ни биле членови на партијата. Подоцна тоа негово самоволие му се враќа како бумеранг, имено Талер бил фатен во поткуп, поради што бил осуден и затворен. Наместо него во ЕП доаѓа Мојца Клева Кекуш, која што се уште ужива голема поддрша особено од помладиот дел на членството.
Фајон во неа препознава конкуренција за следниот мандат, затоа и се зачленува во СД и 2012-та год. Станува подпретседател на партијата (заедно со Клева). И двете сакаат да се први на листа, на крајот прв на листа е Игор Лукшич, втор Фајон и трет Клева.
Фајон е избрана со помош на повластени гласови и така го избуткала Лукшич и така СД добил само еден мандат. Во позадина биле сили, кои што сакале да се ослободат од Лукшич од врвот на партијата, затоа што го критикувал формирањето на нови партии и нивните „чичковци“ од позадина. Уште неколку месеци претходно, собраната дружина на „старите чичковци” со Милан Кучан на челово гостилницата Рајх во Прекмурје, се договориле дека ќе го заменат Лукшич со Дејан Жидан, што и се случило после европските избори.
Чудно е, како и успева на Фајон, да ја кандидира партијата за европска комесарка при тогашната премиерка Аленка Братушек и тогашниот министер за надворешни работи Карл Ерјавец. Уште поневеројатно е, дека по дебаклот на Братушек, самата стана најпрефериран избор за европска комесарка. Била најодговорна за најнепријатните прашања, кои ги добила Братушек при интервјуто во ЕП, поставени од страна на нејзината (социјалистичка) пратеничка група.
Во страв, дека Европската комисија поради оставката на Братушек, нема да биде изгласана, водачот на пратеничката група на Европска народна партија Манфред Вебер, почнал да ги убедува словенечките пратеници да ја поддржат Фајон. По последен момент се “разбудил” премиерот Миро Церар и ја предложил својата кандидатка Виолета Булц, а на неа пак, поддршка во ЕП и обезбедил некогашниот европратеник Јелко Кацин, сегашен амбасадор во НАТО. Секако би било невообичаено, ако Фајон станеше комесарка со само петгодишно искуство на европски пратеник, иако е подпретседател на пратеничката група.
Бранителка на тврдата лева линија
Кандидатурата на Фајон за комесар, ни укажива на нејзината исклучителна амбициозност, затоа не би не изнадило ако ги таргетира исто така и највисоките функции во Словенија. Посебно поради тоа што многу често можеме да ја видиме во татковината. Нај значајано е нејзиното учество во маршот за поддршка на мигрантите на улица Котникова во Љубљана, каде што до неа застана Кучан. Тој лани во декември учествуваше на основачкиот конгрес на Форум на ветерани на СД, кој го води Франц Хочевар, некогашен советник на претседателот Данило Турк.
И точно на предлог на Форумот на ветерани, Фајон му пишува на претседателот на ЕП Мартин Шулц, и во писмото се спротиставува на поставувањето на меморијална табла во спомен на неосудените а стрелани Словенци и луѓе од други националности, за чие што поставување на приземјето на ЕП се заземал европскиот пратеник од ЕПП/СДС Милан Звер.
Фајон дури тврди, дека нема политички амбиции во партијата односно во Словенија, но истото го тврдеше и за местото за комесарка. Помеѓу своите европски социјалистички колеги спаѓа на порадикалната линија (исто така е за поотворена мигрантска политика во однос на онаа на Шулц, при што е многу блиску до Здружената левица), во Словенија пак дава впечаток на умерена европска политичарка, иако ужива најголема поддршка баш од кругот на најзадртите левичари од СД, Форум 21 и од полициско- разузнавачките кругови.
Често може да се видат во гостилницата Бреза во БТЦ во Љубљана, повеќе пати таму е и Фајон, која за своите словенечки амбиции „не знае” ништо. На последниот конгрес на СД лани во јануари, во борба за подпретседателското место, ја победи Клева, новиот редовен конгрес би требало да се одржи за шест месеци после следните парламентарни избори. Сега за сега, на јавните анкети партијата добро котира, затоа и Жидан седи цврсто на седлото, иако искуството со Лукшич укажува на тоа дека лесно може брзо да се променат рејтинзите и дека анкетите може да бидат подведливи.
Ако Фајон ја превземе партијата на вондреден конгрес и настапи на парламентарните избори, во ЕП би ја заменил Лукшич. И ако не би ги превземала функциите во влада, пак би учествувала на европските избори 2019-та год. Можно е исто така, своите амбиции да ги чува за следниот мандат односно претседателските избори 2022-ра год., кога на Пахор скоро ќе му истече вториот мандат. Но, не е нужно, да до тогаш биде толку омилена.
Автор, Игор Кршинар
Преземено од Ревија Репортер Љубљана, СловенијаФаворитката на Кучан
Во Брисел засвети нова ѕвезда на словенечката левица, миленичката на доминантните словенски медиуми

Пронајдете не на следниве мрежи: