ЅАЅИКИ САЛАТА: Специјалитет кој морате да го пробате!

Секој љубител на грчката кујна сигурно го обожава овој специјалитет! Таа е сочна, свежа и лесна, просто идеална за летните денови кога сакате да пробате нешто ладно и освежувачко, и што е најважно  брзо и лесно се подготвува
Состојки:
400гр краставици
400мл кисело млеко или јогурт
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
½ цеден лимон
Сол

Подготовка:
Краставиците излупете ги и изрендајте ги на ситно ренде, посолете и оставете да одстојат 20 минути. Потоа добро исцедете.
Ситно исецканиот лук додадете го во краставиците, маслиновото масло, киселото млеко, солта, лимоновиот сок и добро промешајте.
Послужете како прилог или салата.Таа е сочна, свежа и лесна, просто идеална за летните денови кога сакате да пробате нешто ладно и освежувачко, и што е најважно  брзо и лесно

Пронајдете не на следниве мрежи: