Радио телескопите од Земјата, денес ќе пратат 90.000 пораки на Марс во чест на одбележувањето на 50 годишнината од првата посета на едно вселенско летало на таа планета.Американската компанија „Uwingu“ организираше специјален настан за испраќање на поздрави до вонземјаните, за да собере средства за реализација на идните проекти.
Иницијативата „Транспортирај ме на Марс“, ги повика сите заинтересирани да ги пратат своите имиња, пораките и сликите на Марс по цена од 5 до 99 долари.
Кон оваа иницијатива се придружиле и неколку славни личности, меѓу кои и актерот Сет Грин, како и актерот Џорџ Такеј кој во телевизиската серија „Ѕвездени патеки“ ја толкуваше улогата на г-дин Сулу.
Праќањето на пораките ќе започне во 15 часот по локално време на Флорида, а тоа е 21 часот по средноевропско време.
Пораките се предвидува за 15 минути да стигнат до Марс. Целиот процес ќе се повтори двапати.
Организаторите велат дека нема врска што никој нема да одговори на пораките.Американската компанија „Uwingu“ организираше специјален настан за испраќање на поздрави до вонземјаните, за да собере



