Жешки карактеристики: Шкорпијата има неодлива привлечност, најсилното оружје на Лавот е неговата насмевка…

Прочитајте ги жешките карактеристики на трите огнени знаци.
Шкорпија
Бог на сексот! Ако некогаш сте биле во врска со Шкорпија веќе знаете дека тие имаат неодолива привлечност. Дури и оние Шкорпии што не се толку физички привлечни имаат изразена моќ за манипулација која ја користат за да ги натераат другите да го направат она што тие го сакаат. Додека да го сфатите нивниот план, веќе ќе бидете заљубени во нив. Ако сакате да заведете Шкорпија облечете црно( особено црна долна облека). Сакаат уметници и по малку проблематични личност.

Лав
На Лавот никогаш немојте да му кажете дека ви е на второ место, затоа што ќе му го повредите егото. Лавовите ги знаат сите познати места во градот. Ако сакате одлично да се забавувате, за друштво секако мора да ги повикате нив. Ќе ве привлече со многу работи а ќе ве освои за цел живот… Освен тоа тие се прават подобро од другите луѓе, а  на вас останува да смислите предизвик. Најсилното оружје нивно е нивната насмевка, која понекогаш е доволна за да завршите со нив во кревет. Ако сакате да го освоите делете му комплименти.
 

Рак 
Нивното тајно оружје не е ни изгледот ни насмевката, туку хуморот. Освен тоа тие се многу емотивни и никогаш нема да ја заборават годишнината, роденденот или некој друг важен датум. Маана им е променливото расположение, поради кое понекогаш имаат чувство дека ќе завршат во лудница. Ако можете да го поднесете тоа, тогаш ќе имате пријател за цел живот. Обожаваат сексуални игри и може да бидат малку груби ако вие тоа го сакате. Ако сакате целосно да освоите еден Рак, слободно расплачете се пред него, тие сакаат кога треба да тешат некого.

Пронајдете не на следниве мрежи: