Зимско одржување во Гази Баба!

Зимско одржување во Гази Баба Во пресрет на зимската сезона, општина Гази Баба потпиша договор со компаниите “Река Интернационал” и “Билдинг”, кои ќе имаат обврска за расчистување на улиците во зимскиот период.Градоначалникот Тони Трајковски направи увид во делот на механизацијата, колку се подготвени машините и околу набавката на сол и ризла, тој напомена дека општината е поделена на три региони едниот дел е планински, од н.м Стајковци до н.м Раштак, вториот дел е од н.м Ергеле до н.м Дрма и третиот т.е урбаниот е од н.Железара до н.Хиподром.
Секој регион има своја специфика и ќе се делува со соодветна механизација според потребите на регионот.
За оваа година набавени се 200 тона сол и ризла, а на располагање се 4 возила со специјализирана механизација за на терен, кои можат истовремено да го чистат снегот и да фрлаат сол и ризла.
Општина Гази Баба оформи тим за зимска служба, во кој се вклучени дел од вработените во општината и секретарите од месните и урбаните заедници, кој е во координација со Град Скопје и е подготвен за реагирање на терен.Градоначалникот Тони Трајковски направи увид во делот на механизацијата, колку се подготвени машините и околу набавката на сол и ри

Пронајдете не на следниве мрежи: