Финишираше првиот дел од големата еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад од сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, во организација на оваа локална самоуправа и друштвото за управување со отпад „Нула Отпад”.Жителите на општина Кисела Вода во изминатите месец и половина, носејќи ги своите стари и неупотребливи мали и големи електрични апарати, компјутери и компјутерска опрема, телевизори, видео рекордери, музички системи, електрични алатки, собраа дури 4240 кг е-отпад, за кој добија вредносни ваучери од „Техномаркет“.
Е-отпадот, потоа беше преземен, соодветно селектиран и на крај рециклиран од страна на „Нула Отпад“. Во знак на успешно завршената акција, во текот на вчерашниот ден, се одржа концерт во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, за кој услов за влез беше минимум две потрошени батерии.
Масовно посетен, со музичка поддршка од ДЈ Дим Дим и воден од шармантната водителска двојка Марко и Александра, настанот помина во одлична атмосфера, која беше надополнета со награда за урбаната заедница Кисела Вода, како најуспешна во количината на собран електронски и електричен отпад. Жителите на оваа урбана заедница се ослободија од 780 кг штетен е-отпад кој го имале во своите домови.
Големата еколошка акција која во Скопје, започна од општина Кисела Вода, се реализираше преку Секторот за локален економски развој согласно потпишаниот Договор за соработка со компанијата „Нула Отпад”, која ги поседува законските лиценци за управување со електронскиот и електричен отпад.
Истата, освен што значи исполнување на законска обврска дефинирана со Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, има за цел да придонесе и за подигнување на свесноста за заштита на животната средина.
Општина Кисела Вода ги известува сите свои жители дека акцијата продолжува. Доколку се уште поседуваат електронски отпад, можат да се јават во општина Кисела Вода или директно до компанијата „Нула отпад“.Жителите на општина Кисела Вода во изминатите месец и половина, носејќи ги своите стари и неупотребливи мали и големи електрични апарати, компјутер