Живот како во мравјалник: Ова е најгусто населеното место на планетата

Живееле како да се наоѓаат во мравјалник. Замислете огромна правоаголна зграда која ја сочинуваат мали станови и во која живеат 33.000 луѓе. Токму така би можел да се опише некогашниот град Ковлон.Гледано од птичја перспектива, Ковлон се простирал на површина од 210 со 120 метри и личел на една огромна градба. Сепак, во него биле збиени 350 згради.
Тој град имал долга историја која се протега до династијата Сонг (960-1279), кога на тоа место била направен локалитет за управување со трговија на сол.
Меѓутоа, таа не била одржувана во наредните неколку векови, а од 1668 година таму постојано биле стационирани по 30 чувари. Подоцна, за време на разните војни, градот им припаѓал на Британците кои изградиле и зајакнале одбранбен ѕид околу него, но подоцна градот-тврдина сепак бил вратен под кинеска контрола.
Меѓутоа, во 1898 година, бил потпишан договор со кој Хонг Конг ѝ бил изнајмен на Британија за 99 години. Во овој град, тогаш живееле околу 700 жители, а на Кина ѝ било дозволено да располага со градот под услов да не се меша во одбраната на британскиот Хонг Конг.
Пред Втората светска војна, Јапонците целосно го уништиле градот. Но, по капитулацијата на Јапонија, Кина го вратила правото на Ковлон и голем број кинески бегалци се населиле во градот.
Ковлон бил познат и како „град на темнината“, бидејќи во него владеела анархија и криминал. Сепак, кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, властите од Хонг Конг извршиле повеќе од 3500 рации, уапсиле 2500 луѓе и заплениле неколку тони наркотици. Стапката на криминалот била ставена под контрола.
За густината на населеноста и не треба премногу да се зборува. Доволно е само да се наведе дека во некои делови сончевите зраци никогаш не успеале да продрат. Луѓето работеле и ги извршувале секојдневните активности во нехигиенски услови, каде што канализацијата редовно течела по улиците.
Сепак, властите кон крајот на 80-тите години од минатиот век, донеле одлука целосно да го уништат градот. Тоа беше сторено во 1994 година, а на местото на некогаш најгусто населениот град, денеска е изграден парк.
Погледнете го видеото:Гледано од птичја перспектива, Ковлон се простирал на површина од 210 со 120 метри и личел на една огромна градба. Сепак, во него биле збиени 350 з

Пронајдете не на следниве мрежи: