Преубавата бразилка од неодамна стана заштитно лице на брендот BLK DNM. Но, она што ја направи оваа кампања посебна од сите други е што Жизел Бундшен не ја средувале фризери и стилисти, ниту пак е користен Photoshop. Манекенката позираше пред објективот на дизајнерот и фотограф Johan Lindeberg и е воодушевена од конечниот резултат.
„Ми се допаѓа неговиот пристап, затоа што сметам дека пред се жената треба да биде природна, а денес тоа е редок случај во оваа работа. Ние жените сме многу различни, а нашите неправилности се токму она што не прави единствени и убави. А Johan потполно се сложува со тоа. Тој ја има камерата и сака да се покажеш онаква каква што си. Тоа го сакам кај него“- вели Жизел.
Ние се согласуваме со Жизел, особено поради негативното влијание кое го предизвикуваат ваквите „совршени“ слики кај младите девојки. А таа е навистина прекрасна без шминка.Преубавата бразилка од неодамна стана заштитно лице на брендот BLK DNM. Но, она што ја
Пронајдете не на следниве мрежи: