Знаци кои ве предупредуваат од мозочен удар!

Мозочниот удар означува престанување на функционирањето на одредени групи мозочни келии, а настанува како резултат на недостаток од кислород или хранливи материи.Симптомите понекогаш можат да бидат тешко забележливи, па затоа морате да обрнете внимание на следниве работи.
Главни симптоми:
– Лицето, рацете или нозете започнуваат да трнат, особено на едната страна од телото.
– Збунетост, проблеми со говор и разбирање.
– Ненадеен проблем со видот на едното или двете очи.
– Ненадеен проблем со одењето, главоболка, губење на рамнотежа или координација.
– Главоболка без причина.
Помалку чести симптоми:
– Мачнина и повраќање.
– Кратко губење на свест, несвестица или конфузија.
– Нагло започнување со икање.
– Ненадејна болка на лицето.
– Брзо дишење и болки во градите.
Лесни тестови за проценка на симптомите:
1. Побарајте од личноста да се насмее. Дали едната страна од лицето и понатаму и е спуштена?
2. Побарајте од личноста да ги крене рацете. Дали едната рака паѓа?
3. Побарајте од личноста да каже проста реченица. Обрнете внимание на начинот на кој ја кажува реченицата, доколку е неразбирлив тогаш треба да посетите доктор. Симптомите понекогаш можат да бидат тешко забележливи, па затоа морате да обрнете внимание на следниве работи.
Главни симптоми:

Пронајдете не на следниве мрежи: